• Thu. Nov 28th, 2024

За регулација на каналот во Градашорци, општина Василево ќе бара пари од Министерство за животна средина

Денес, Советот на општина Василево одржа вонредна седница на која едногласно беше усвоена Предлог-одлуката за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот за регулација на канал во с. Градашорци.  Вкупниот буџет за регулација на каналот во Градошорци, за кој општината има изготвено техничка документација, изнесува околу 8 700 000 денари. Согласно апликацијата со која општината ќе учествува на јавниот повик, учеството на општина Василево  изнесува 35% односно 3 035 622 денари, а учеството на Министерството за животна средина изнесува 5 637 584 денари или 65% од вкупната планирана сума.

„Од страна на Министерстото за животна средина и просторно планирање имаше повик на кој општините можеа да аплицираат со проекти во делот на регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода. Ние како општина имаме техничка документација за уредување на канал во населено место Градашорци и затоа на овој повик ќе учествуваме со таа техничка документација“, рече градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во  образложението што го даде на седницата, притоа потенцирајќи дека кофинансирањето ги зголемува шансите  на општината апликацијата  да добие средства од МЖСПП за реализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *