• Fri. Nov 22nd, 2024

За проширување и подобрување на комуналната инфраструктура вложени 765.000 евра во Гевгелија

ByВане Трајков

Feb 25, 2020

Проширувањето на комуналната инфраструктура и зголемената покриеност на сите населени места во општина Гевгелија со квалитетни комунални услуги беше еден од приоритетите во минатата година. За таа цел, беа реализирани или беше започната реализацијата на повеќе проекти со вкупна вредност од 47.199.000 денари или околу 765.000 евра.

 На улицата „Индустриска“ каде што се наоѓаат најголемите стопански капацитети во Гевгелија, изградена е атмосферска канализација со што се надминати долгогодишните проблеми со поплавувањето на магацинските простории по секој пообилен дожд. Изградена е нова водоводна линија во населбата Караорман, односно на сервисните улици „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев” во должина од 1763 метри.

 Со тоа, всушност, почна и комунално- инфраструктурното уредување на овој дел од оваа станбена населба, каде што со години по ред сопствениците на станбени куќи не можат да се вселат, иако навреме платиле надомест. Меѓутоа, необезбедената водоводна и канализациона мрежа беше основната причина за невселените објекти. Инаку, и двата проекта се реализирани со сопствено учество и со финансиска поддршка од Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП) заради успешно реализираните проекти за водоснабдување и за изградба на училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“. На Караорман, по водоводната мрежа, продолжува изградбата на канализациона мрежа со средства од Општинскиот буџет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *