Денес започна обуката за персонални асистенти на лицата со попреченост.Агенцијата за вработување од Струмица ангажираше 10 невработни , активни баратели на работа во Агенцијата кои во наредните 2 месеци ќе ја следат обуката и ќе се стекнат со соодветните сертификати.
Персоналните асистенти ќе ги обучуваат, дефектолози,леакри, медицински лица , социјални работници кои ќе имаат за цел да ги насочат кон стекнување на основните принципи за работа со овие лица.Др.Ефтимов ќе биде дел од тимот обучувачи кој смета дека специфичноста на пристапот кон лицата со инвалидитет е од големо значење.
Општествените односи се од голема важност , односно инклузијата на лицата со попреченост треба да се искачи скала погоре, смета дефектологот Црвенковска.
Црвениот Крстѕ од Струмица е партнер на агенцијата за врабоување во имплементацијата на проектот за обука на персоналните асистенти.Од таму се надеваат дека по завршувањето на процесот резултатите ќе се повеке од видливи.
Лицата кои бараат персонален асистент треба да можат самостојно да донесуваат одлуки за идентификација на сопствените потреби и да имаат потреба од најмалку 20 часа асистенција во текот на неделата.Од Министерството за труд и социјална политика велат дека со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што треба да придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина