За првпат во историјата на неврохирургијата во нашата држава е направена awake brain surgery. Операцијата е изведена кај млада пациентка која имала тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога.
Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата.
За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен.
Кај младата пациентка операцијата поминала одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се чувствува добро.
ДокторВенко Филипче му честиташе на тимот анестезиолози предводен од д-р Весна Дурнев и упати благодарност до колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград.