• Sun. Nov 24th, 2024

За пет дена во Струмица 12 смртни случаи од Ковид 19

За пет дена во СТрумица 12 смртни случаи од Ковид 19

Во Струмица за последните пет дена регистирирани се 12 смртни случаи. Од болницата велат дека, пациентите доцна побарале лекарска помош, биле со ниска сатурација, но имале и коморбидитети кои дополнително ја усложниле клиничката слика. Струмица од почетокот на пандемијата до денес со најмногу смртни случаи во цел исток и југоисток , односно 251 пациент.

Бројот на пациенти кои дневно бараат помош опаѓал, вели Кузманова, а хоститализиртани биле 77 пациенти, 23 од нив се на кислородна поддршка. За разлика од предходните пандемиски бранови овој не ја одминува помладата популација.

Од 77 хоспитализирани пациенти во струмичката болница 13 однив се со комплетна вакцинација.

Лекарите кои се надлежни да ја следат вакцинацијата во Струмица, велат дека и понатаму на територија на општината и микрорегионот кој го покрива здравесвениот дом , вакцинацијата е 36 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *