За евентуално одложување на почетокот на второто полугодие ќе се одлучува непосредно пред 20 јануари
Комисијата за заразни болести, непосредно пред почетокот на второто полугодие, ќе ја разгледува можноста за евентуална промена на неговиот почеток. Клучно за тоа дали ќе се одложи почетокот, кој треба да биде на 20 јануари, ќе биде каква е епидемиолошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, велат од Министерството за здравство.