• Mon. Nov 25th, 2024

За дадени 1.500 денари, барал да му врати 6.000 – фатен лихвар од Радовиш

ByЃ. K.

Oct 19, 2023

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.У. од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Во септември 2023 година, на жена од Радовиш пријавениот ѝ дал 1.500 денари на заем, а за возврат барал да му врати 2.500 денари. Додека, пак, како гаранција дека парите ќе бидат вратени ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон.

Откако го побарала да му ги врати парите, пријавениот и рекол дека ако сака да ѝ биде вратен телефонот потребно е да врати 6.000 денари наместо 2.500 денари, како што договориле.

By Ѓ. K.