• Sat. Nov 23rd, 2024

За влез во државата на Табановце се чека и до половина час

ByЃ. K.

Jul 7, 2023

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ. Од таму велат дека  поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Табановце за влез во државата е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

By Ѓ. K.