• Fri. Nov 22nd, 2024

Зачестени случаи на грабнување деца во бракоразводна постапка или по развод

Зачестени случаи на грабнување деца во бракоразводна постапка или по развод

Многу е тешко да споделите со некого дека сте жртва на било какво насилство, особено ако сте дете. Тоа е причина што многу мал број деца се осмелуваат да пријават насилство на СОС линијата „Ало Бушавко“, рече денеска во Утрински брифинг Климентина Добревска, координаторка на линијата.

– Децата се многу чувствителни кога се жртви на насилство, имаат многу прашања на кои не можат да си дадат одговори, како на пример зошто им се случувало тоа и што ќе се случи доколку пријават. Често пати вината си ја препишуваат на самите себе. Затоа, ние преку „Ало Бушавко“ се обидуваме да се доближиме до нив и да им дадеме решение за проблемите, објаснува Добревска.

Изминатава година во период од десетина дена на СОС линијата имало повеќе јавувања за грабнување на деца, најчесто во бракоразводни парници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *