„Засолниште во времето“ од Георги Господинов е делото кое беше предмет на разговор во книжевниот клуб, вистински мотив за неисцрпна дискусија на новото читателско дружење.
„Засолниште во времето“ е еден интересен роман кој ја истражува нашата врска со времето, особено со минатото. Како ние луѓето бараме „спас“ во минатото, а тоа Господинов го истражува со таканаречените „клиники за минатото“, но истовремено ја разгледува не само поединечната врска, т.е врската на поединецот со минатото, туку и врската на државите (со фокус на Европа) со минатото и тенденцијата да се размислува и гледа во минатото, минато кое многумина го нарекуваат „добрите златни времиња“.
Еден од европските книжевни дела преведени на македонски јазик, од програмата „Креативна Европа“ финансирана од Европската Унија. Истата можете да ја пронајдете во просториите на Europe House Струмица и градската Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица.
Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. Романот „Засолниште во времето“ ја доби „Меѓународната Букерова награда“, една од најважните и најзначајните книжевни награди.