• Fri. Nov 22nd, 2024

Засилени контроли во сообракајот – констатирани 50 прекршоци

СВР Струмица на 04.07.2021 спроведе засилени контроли во сообракајот, при што биле констатирани 50 прекршоци, од кои 44 сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Истиот ден беа спроведени засилени мерки и над возачите на мотоцикли, при што биле констатирани 13 прекршоци, од кои 8 за некористење на заштитен шлем-кацига за време на возење, по 2 за управување без возачка потврда/дозвола и нерегистриран мотоцикл и 1 прекршок за изминат рок на важност на регистрацијата. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *