Епидемиологот, д-р Сашко Олумчев, од Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија,
излезе со официјални резултати за тестираните примероци од Корона вирус во Гевгелија заклучно до 6 април, 2020.
Официјалните резултати покажуваат дека од вкупно 77 тестирани, 45 се негативни, а за 32 примерока се чекаат резултати. Вкупната бројка на заболени од Корона вирус во Гевгелија моментално стагнира, односно бројот на заболени е непроменет и изнесува 4 лица.