Гневни што се зголемува уличната продажба на зеленчук и овошје, а никој од одговорните не реагира, пазарџиите од струмички Глобал излегоа на улица, таму да ја продаваат својата стока. Тие со години алармираат на нелојалната конкуренција но инспекциските служби и полицијата не превземаат мерки да ги заштитат. Тврдат дека ним стоката им останува во Глобал додека надвор од градскиот пазар се продава на големо