• Sat. Nov 23rd, 2024

Започнува учебната година во време на пандемија.Дали се чисти подовите, дали има насоки за движење на подот, дали се чисти тоалетите, дали има доволно средства за дезинфекција…

Дали се чисти подовите, дали има насоки за движење на подот, дали се чисти тоалетите, дали има доволно средства за дезинфекција… ова се само дел од нештата кои на терен деновиве, пред почетокот на новата учебна година, ги проверуваа државните просветни инспектори. Проверките се прават за да се провери дали училиштата кои бараат настава со физичко присуство ги исполнуваат условите за да го овозможат тоа.

Истовремено, деновиве во многу училишта се прави и комплетна дезинфекција, согласно протоколите усвоени од Комисијата за заразни болести.

 Записниците од надзорите на терен се во владината комисија која сега треба да пресече на кои училишта ќе им биде дозволено да одржуваат настава во училниците. Училишните раководства можеа сами да побараат дозвола, а тоа го сторија повеќе од 200 училишта. Инспекторите проверуваа дали училиштето има просторија за изолација во случај на вработен или ученик со симптоми, потоа се проверуваше дали и какви се санитарните јазли, дали има средства за дезинфекција –велат од Државниот просветен инспекторат.

Во меѓувреме општините ги вршат последните подготовки пред стартот на новата учебна година. Во училиштата во општина Карпош деновиве е во тек сеопфатна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во предучилишните и училишните установи. Ова се прави на секои шест месеци во годината, но годинава имаше и вонредна дезинфекција во март поради состојбата со пандемијата. Намерата е сите градинки и училишта да овозможат здрави и хигенски услови за престој и работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *