• Fri. Nov 22nd, 2024

Започнува редовното пролетно сечење и уредување на дрворедите низ Општина Струмица

ByЃ. K.

Feb 23, 2024

Со затоплување на времето екипа од Одржување и управување со јавно зеленило при ЈПКД “Комуналец“ започнува со редовно пролетно сечење и уредување на дрворедите низ Општина Струмица, кое ќе одвива секоја недела во текот на овој и наредниот месец. Оваа недела ќе се уредуват дрвата на улица Младинска.

Поради присуство на механизација со која се отстрануват сечените гранки се молат сите граѓани наредниот викенд да ги отстранат и да не ги паркираат своите возила од 08 до 15 часот.

By Ѓ. K.