После 50 години започнува комплетна реконструкција на дел од патниот правец Иловица – Штука кон Турново.
Официјално беше извршено воведување во градежните работи, а деновиве ќе започнат и градежните работи на терен.
Од Општина Босилово истакнуваат дека постепено се движат кон кон остварување на зацртаните цели и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните.