Денеска од пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк започна традиционалниот планинарски марш во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Во маршот кој го организира ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица, а го поддржува општина Струмица, учествуваат планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија кои понеделник, на 26 февруари, ќе положат цвеќе на неговиот гроб во Скопје.
Пред споменикот свежо цвеќе положија и среќен пат на планинарите им посакаа претставници на општина Струмица.
За време на претстојниот викенд педесетина планинари од земјава и Бугарија ќе пешачат и по падините на планината Беласица и ќе се искачат на врвот „Ботра“ висок 1.880 метри кој го носи името на претседателот Трајковски.