Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени
Проектот се реализира со средства од општина Струмица и Министерството за култура.
Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а ќе има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење и санитарни јазли.
Истовремено, ќе биде изведена и настрешница како архитектонски елемент кој од една страна треба да ја задоволи функцијата на наткривување на влезот во галеријата, но и да претставува маркантна точка на плоштадот за обележување на влезот во уметничката галерија.
Со уметничката галерија ќе се овозможи поголемо доближување на уметноста до граѓаните на Струмица. Покрај организирање на изложби, овој простор ќе може да се користи и за работилници, предавања, часови со најразлични содржини од областа на културата.