• Sat. Nov 23rd, 2024

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта

ByВане Трајков

Jul 11, 2020

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ, ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и ќе можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел за земјоделска механизација“.

„Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“, изјави министерот Димковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *