За првпат од своето постоење, село Црничани (Дојранско) ќе добие нов и модерен црковен храм.
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов информираше дека со заеднички заложби и напори, заедно со владиката Јаков и со помош на многу верници започнува изградбата на црквата „Св.Никола“ во село Црничани.
Тој изрази благодарност до сите кои ја нудат својата несебична помош и поддршка.