• Fri. Nov 22nd, 2024

Замина ангелот со „сини усни“: Почина Ѓургица Ќаева од Гевгелија, жената што се бореше со пулмонална хипертензија

Ѓургица беше неверојатно храбра жена, чија што енергија не се намалуваше поради ретката, но сериозна болест, пулмонална хипертензија. Започна многу кампањи, мобилизираше граѓани и хуманитарци, контактираше со здравствени работници и институции.

Откако пред осум години ненадејно ја добила болеста, таа велеше дека се претворила во невидлив инвалид, бидејќи и најмал напор и го одземаше здивот. Се појавуваа сините усни – еден од првите знаци на болеста.

Таа се трудеше јавноста да се запознае со ретките болести, а државата да обезбеди лекови коишто семејствата нема да ги чинат цело богатство. Една од нејзините заложби беше и навремената дијагноза на болеста, бидејќи тоа значи подолг и поквалитетен живот за пациентот.

Ѓургица беше мажена и имаше син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *