• Fri. Nov 22nd, 2024

Заев: Ќе потпишеме 10 нови договори со Бугарија

Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија е сериозен чекор на лидерство, зошто лидерите носат одлуки тогаш кога е потешко, истакна во денешното излагање претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев кој беше гостин на работилницата што ја организира Институтот з аполитичари од Софија, а се одржува во Струмица.

-Прашањето е дали се има доволно храброст со јасна визија и перспектива пред себе да се носи одлуката. И во Македонија и во Бугарија договорот претрпува сериозни критики, но ние, како премиери на двете држави, верувавме дека поголеми и позначајни се придобивките кои ќе ги имаат државите и граѓаните, рече премиерот Заев.

Тој нагласи, дека на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија што ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, врз основа на договорот за меѓусебна соработка, ќе бидат потпишани уште 10 нови договори.

-Нашите влади ќе потпишат нови десет договори со нашите колеги од Бугарија. Тука може да има корист и полза за секој граѓанин од двете држави. Може да има повеќе пари преку отворање нов бизнис, нова културна или спортска соработка, од областа на образованието, туризмот, енергетиката и севкупната економија, рече Заев.

Смета дека ако Франција и Германија како непријатели во минатото, можеле да изградат нови перспективи денес, тоа треба да се случи и на Балканот.

-Одредени работи во договорот заслужуваат дебата и така треба да биде, зошто преку дебата и критика тоа е добро за нас политичарите, но заасега гледам само придобивки од договорот. Пред нас е и енергетското поврзување со Бугарија преку гасоводот и користењето бугарски гас, од кој корист ќе имаат двете економии, рече Заев.

Пред младите и идни политичари од Бугарија, премиерот Заев рече дека лидери има и во семејството и во партијата и во државата.

-Понекогаш може најлесно е да се одложи носењето одлука, тогаш нема никој да не критикува и ќе преживееме, но тогаш стоиме во место. Затоа, лидерите институциите треба да носат одлуки, зошто нивното неносење може да предизвика далекусежни последици, додаде Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *