Лидерот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев денеска соопшти дека водел судски процеси против новинари и политичари за навреда и клевета, од кои три добил со правосилна пресуда.
-Првата е 200.000 денари, втората 150.000 денари, а третата е 300.000 денари. Конечна и извршна е првата пресуда, рече Заев.
Тој истакна дека после плаќањето на персоналниот данок од 10% за државата, 60.000 денари ќе донира за децата од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица, а по 30.000 денари на четири дечиња од општина Струмица и Василево на кои им е потребно лекување.