• Fri. Nov 22nd, 2024

Заев смета дека вклучувањето на Пешевски и Миновски треба да се гледа како процес на помирување

„Малку сме, браќа сме, заедно живееме. Мораме да ги оставиме недоразбирањата во минатото.“ Вака изјави утрово премиерот Зоран Заев во „Утрински брифинг“ со новинарот Сашо Ордановски, запрашан дали е информиран за изборот на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и Кирил Миновски да бидат дел од неговиот поширок советодавен тим.

Заев нагласи дека бил запознаен со формирање на такво тело, но дека не се мешал во изборот на советници на Битиќи. Смета дека нема ништо спорно ако е во корист на земјата, нагласувајќи дека не станува збор за платени советници.

„За татковината со љубов“ е неформално советодавно тело иницирано токму од Битиќи, а неговата цел треба да биде поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето државни политики и придонес за економски развој на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *