• Fri. Nov 22nd, 2024

Заев: Проблемот со Бугарија е смешен

Разговорите со Бугарија се успорија поради изборите во таа земја и верувам дека ние ќе најдеме решение, изјави премиерот Зоран Заев во разговорот со уредникот на Катимерини Атанасиос Елис, на економскиот форум Делфи. Тој рече дека очекува Грција како наш стратешки партнер да ни помогне на деблокирање на стартот на преговорите, иако рече дека не може да го дефинира проблемот со нашиот источен сосед.

„Бугарија го измисли ова прашање, јас дури не можам да објаснам што е проблемот сега, бидејќи е смешен проблем, проблем кој не постои. Ние треба да најдеме решение бидејќи е корисно и за Бугарија и за Северна Македонија и тој начин ќе ни донесе само корист. Верувам дека има решение бидејќи треба да направиме само еден чекор повеќе, а тоа е Меѓувладината конференција“, истакна Зоран Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *