Претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, соопшти пред малку министерот за здавство Венко Филипче.
„По информацијата која што ја доби министерството за здравство дека еден новинар од телевизски медиум е позитивен на Ковид 19, кој новинар во текот на минатата недела имаше телевизиско интервју со лидерите, и Мицскоски и Заев се тестирани на коронавирус.
Резултатот на Христијан Мицкоски кој што беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети.
Резултатот на претседателот на СДСМ Зоран Заев со оглед на тоа што синоќа тој веќе беше заминат за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш после добивањето на информации е ставен до домашна изолација.
Новинарот е во стабилна здравствена состојба. Во моментов е на лекување во болницата „8 септември“ рече Филипче.