Грчките власти до 24 јануари ја продолжија мерката за задолжителен негативен ПЦР или рапид тест за влез во Грција која важи и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19. . Мерката важи за сите патници, меѓу кои и оние од Северна Македонија.
Мерката беше воведена на 19 декември, минатата година и е продолжена за уште две седмица и предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет формулар.