Вчера 74 годишен жител од радовишкото село Воиславци го загуби животот откако се превртел со трактор во месносата ,,Добридол,, над селото. Несреќата се случила околу 10 часот кога старецот, 74 годишниот В.П. со својата сопруга 76 годишната Н.П. тргнале кон манастирот ,, Св. Богородица,, и кај месноста ,, Добридол,, се превртеле со тракторот. Старецот се здобил со тешки повреди по што бил пренесен во струмичката болница каде им подлегнал на повредите додека сопатничката се здобила со повреди.Радовишката полициска станица излезе на терен и работи на расветлување на случајот
Ова е трет случај на загинат тракторист во последниве десетина дена . Претходно загинаа трактористи од селата Трибичино и Вељуса