Вчера се одиграа последните натпревари од Првата фудбалска лига. Академија Пандев ремизираше со Вардар 1:1, додека Беласица претпре пораз од Силекс во Кратово со 2:1
Конечната табела на ПМФЛ за сезона 2018/19. Шампион е Шкендија која заслужено го освои првото место, пред екипата на Вардар која заврши како второпласирана. Академија Пандев заврши на третото место со 58 освоени бодови и со тоа избори место во првото квалификационо коло во Лига Европа.
Од лигата испаднаа Победа и Беласица, додека Силекс ќе игра бараж за опстанок. Два сигурни нови прволигаши се екипите на Борец од Велес и Струга Трим Љум од Струга.