• Fri. Nov 22nd, 2024

Заврши седницата на Владата, нема продолжување на антикризните мерки

ByВане Трајков

May 31, 2022

Седницата на Владата денеска заврши без продолжување на антикризните мерки чиј рок на важење истекува денеска.Од утре се одмрзнуваат цените на основните производи и се најавува нов бран поскапувања во екот на економската криза која што зема сѐ поголем замав.Повторно со 5 отсто ДДВ ќе бидат оданочени лебот, белиот шеќер, брашното ТИП 400, маслото од сончоглед, млеко и павлака, месо, бел ориз и свежи јајца.

Владата истотака ја ограничи маржата за трговците на 5, односно 10 проценти за одредени производи.Истекува и рокот на намалувањата на цените на бензините и другите нафтени деривати кои произлегоа од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени. 

Сега на потег е Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги објави новите цени на горивата во малопродажба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *