• Sat. Nov 23rd, 2024

ЗАВРШИ САНАЦИЈАТА НА ПАТОТ МИРАВЦИ-ДАВИДОВО

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес ја посети делницата од регионалниот пат Миравци-Давидово, која е целосно санирана.

ЈП„Македонија пат“ изврши целосно санирање на дотраениот пат со доделените 10 милиони денари на општина Гевгелија од Јавното претпријатие за државни патишта. Во моментот се работи на тампонирање на патот Прдејци-Смоквица, кој потоа ќе биде асфалтиран. За реконструкција на овој пат од ЈО за државни патишта се доделени 80 милиони денари, односно за санација и реконструкција на трите регионални патишта во општина Гевгелија се доделени 180 милиони денари.

-За реконструкција останува уште патот Гевгелија-Негорци, за што од страна на Јавното претпријатие за државни патишта до крајот на јули ќе биде распишан тендер, која постапка ќе биде завршена до крајот на август, така што во рок од три месеци и овој пат ќе биде завршен. Како што веќе реков станува збор за средства од државната каса, кои за нас се добредојдени, бидејќи средствата од општинскиот буџет можеме да ги користиме за други намени. На крајот на краиштата крајни корисници на ваквите вложувања, без разлика на изворот на средствата, се граѓаните, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *