С.Градашорци заживеа во староградски дух. Веќе и официјално е пуштен во употреба новиот парк со мини Амфитеатар во ова населено место. Нови декоративни видови на дрва, зголемена цветна површина, зеленило, клупи, корпи за отпадоци и пристапни патеки од бекатон плочки – ја комплетираат новата слика на ова катче за одмор и уживање. Убави доживувања, дружби и седенки во новиот парк, на жителите им посака градоначалникот Ванчо Стојанов.
Површината на Паркот во с. Градошорци изнесува околу 340 м2. Изградбата на истиот чинеше околу 726.000 денари, а средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој од програмата за развој на селата. Општина Василево во континуитет и плански работи на подобрување на условите во населените места, на хуманизирање на животната средина и реализација на содржини кои му даваат квалитет на секојдневието на жителите на општина Василево.