Во должина од 2,7 км. и ширина на коловоз од 3,5 м. со нанесувањето на асфалтниот слој, комплетно се завршени сите градежни активности на локалниот пат Радовиш – пристап до градски водовод.
Градоначалникот Ацо Ристов истакна дека овој пат е од голема важност за граѓаните, овозможувајќи современ пристап кон обработливото земјиште и нудејќи можност за развој на туризмот користејќи ги природните убавини на горниот тек на Радовишка река.