Градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов заедно со директорката на СОУ Јосиф Јосифовски Марија Танева направија увид на новите простории во кои се целосно опремени и функционални.
Гевгелија доби уште еден модерен угостителски објект со капацитет од 150 луѓе, чија искористеност треба да придонесе во нормалното функционирањето на училиштето, но, и бенефит за потребите на локалната самоуправа.
Изминатиот период со средства во висина од 2.161.739 денари е извршено внатрешно уредување и набавка на потребниот инвентар, со што салата го доби својот комплетен изглед.
Претходно,со заштеда на средства од блок дотации во периодот 2009-2017 беше изградена оваа сала и беше обезбедена опрема за готварство.
Учениците и професорите од угостителско- туристичката струка во СОУ„Јосиф Јосифовски“ практичната настава ќе ја реализираат во најсовремени услови во училиштето.