• Fri. Nov 22nd, 2024

Забраната за движење нема да важи за земјоделците, но треба да се пријават за дозволи од МЗШВ

Владата на вечерашната седница донесе одлука дека забраната за движење нема да важи за земјоделците. Од владината прес служба информираат дека ограничувањето на движењето треба да ги изземе земјоделците поради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено во градинарските култури.
Во делот на исклучувањето на земјоделците од сите донесени одлуки, заклучоци, мерки и препораки на Владата, се допрецизира дека истиот се однесува на земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период.

Дополнително, оние земјоделци, фармери, сточари и други земјоделски работници кои преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се пријават за добивање на дозволи за движење, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Министерството за информатичко општество и администрација истите да ги издаде.

За ова, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соодветно да го информира земјоделскиот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *