Струмица денеска го забележи првото лице позитивно на корона – вирусот. Центарот за јавно здравје информира дека 32 годишник од Струмица е првиот потврден случај, а по направените епидемиолошки анкети, во домашна изолација се ставени уште седум лица. Иако лицето работело со многу луѓе на различни локации, епидемиолозите велат дека се следи ситуацијата и засега нема простор за паника.
Низ Струмица и денеска е раздвижено, а граѓаните го користат убавото време за прошетки. Се согласуваат дека заштита е потребна но, поделени им се мислењата околу траењето на забраната за движење.
Овој е трет случај на КОВИД 19 во струмичкиот регион. Досега имаше уште два случаи но во други општини.