• Sat. Nov 23rd, 2024

Жулиет Бинош: Светот не оди во добар правец!

Синоќа, на доделувањето на Европските филмски награди во Берлин, француската глумица Жулиет Бинош со песимизам ја прифати наградата за европски придонес во светски рамки.

-Светот не оди во добар правец, во голема криза сме но, ми се чини, уметноста станува сé поважна. Размислувам, сепак, дали е во ред да се прими награда кога светот оди надолу кон својот крај?

Додека се обидуваше да ја изгради актерската кариера, пет години работела како службеничка во општинскиот секретаријат и како сликарски модел. Меѓутоа, уште првата улога во филмот „Неподносливата леснотија на постоењето“ и донесе бројни награди, а улогата во „Три бои: сино“ ја вивна во врвот на европската кинематографија. Послето дури петпати ја освои наградата Цезар. Двапати е номинирана за Оскар, а еден освои за улогата во филмот „Англискиот пациент“.

Во моментов е најплатената француска актека. Има две деца: Рафаел, роден 1993 и Хана, родена 1999. Голема противничка е на пластичната хирургија.

– Жените кои вбризгуваат ботокс за да ги сокријат брчките, всушност изгледаат постаро. Колку и да е лицето затегнато и мазно по операцијата, тоа не може да го сокрие стравот од тоа дека просто – стареете. И тој страв ни малку не е привлечен. Во Франција убавината е далеку посуптилна и стареењето се прифаќа многу поубаво и поинаку. 

На почетокот на деведесетите беше инспирација на фотографот Роберт Дуан (на овие фотографии), чии пак фотографии од улиците на Париз од педесеттите и шеесеттите имаат значајно место во историјата на оваа уметност. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *