Полицијата информираше дека жител од населеното место Стојаково општина Богданци го загуби животот откако утрово околу еден часот по полноќ излетал од патот Стојаково-Богородица .
,,На 09.07.2020 во 01.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Стојаково – с.Богородица, А.П.(54) од с.Стојаково, управувајќи патничко моторно возило „сеат леон“, со гевгелиски регистарски ознаки, во кое како сопатник се превезувала и неговата сопруга, излетало од патот. Откако пристигнала екипа на Итна медицинска помош тој починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција.