• Fri. Nov 22nd, 2024

Жена загина во сообраќајка кај Удово

61 годишна жена, државјанка на Србија загина утрово на патот Демир Капија-Гевгелија, кај селото Удово. Несреќата се случилоа околу 9.20 минути помеѓу две возила со српски регистарски таблички, тојота авенсис и пежо 308 во кое била и жртвата. Причините за сообраќајката се утврдуваат, но неофицијално се претпоставува дека еден од возачите заспал и изгубил контрола над автомобилот при што директно се судрил со другиот автомобил.

Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристигнала на местото на несреќата, но само констатирале смрт. Засега нема информации каква е здравствената состојба на другите патници.

Увидот на местото на несреќата траеше со часови. Истрагата ќе покаже како дошло до трагичната сообраќајна незгода. Патот Демир Капија-Гевгелија останува црна точка на македонските патишта каде секоја година особено во летниот период гинат десетици лица. Една од причините за големиот број несречи е непочитувањето на сообраќајната сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *