• Fri. Nov 22nd, 2024

Жбогар – ЕУ смета дека може да се соберат и повеќе од 61 потпис за Влада

,,Ние како ЕУ го надгледуваме самиот процес, сите полтиички партии треба да бидат длабоко посветени на агендата кон ЕУ. Ние мислиме дека нема да биде тешко да се соберат 61, па дури и повеќе од 61 потпис. Важно е новата Влада да биде посветена кон реформите. Значи потребна е коалиција за реформи и затоа мислиме дека нема да биде тешко да се соберат потребните потписи за коалиција која ќе биде посветена на реформите за ЕУ,,

Ова го истакна Амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар при посетата на Радовиш каде беше запрашан за коментар за последните политички случувања и барањето на претседателот Иванов да му бидат доставени потписи за нова Влада

Жогарсо австриската амбасадорка Ренате Коблер ја посетија изградбата на пречистителната станица во Радовиш за што ЕУ додели околу 5 милиони евра . Посетата беше во рамките на кампањата  ,,ЕУ за тебе,, Станува збор за станица која ќе биде на површина од околу 12 000 метри квадратни во која ќе биде имплементирана најсовремена опрема според сите стандарди за контрола на загадување на водата и Директивите на Советот на Европа. Станицата ќе има капацитет за 25 илјади жители односно ќе бидат приклучени сите домакинства од Радовиш и Раклиш

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *