Македонската ракометна репрезентација го заврши своето учество на Европското првенство со два пораза, од Франција и од Германија и една победа против Швајцарија.
Иако ракометарите не успеаја да се пласираат во следниот круг, изведоа одличен натпревар против Швајцарците, што резултираше со заслужена победа.
Европската ракометна федерација ги избра најубавите пет голови на македонските играчи, а Филип Талески ја освои првата позиција за својот впечатлив гол против Швајцарија.