• Sat. Nov 23rd, 2024

Ефтаназија на стотина свињи во делчевско

Ефтаназија за стотина свињи во делчевско

Најдоцна до крајот на месецов ќе биде спроведен и вонреден попис со клинички прегледи на свињите во регионот до сите општини до Штип и Пробиштип. 

Фармите во делчевските села Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен ќе останат без свињи. По појавата на африканска  чума во две одгледувалишта ќе се умртвуваат свињите во радиус од три километри од потврдените жаришта. Станува збор за стотина свињи. Угинатите животни ќе се закопуваат во специјален простор близу градската депонија во Делчево, а од општината најавуваат и логистичка подршка за фармерите. Ќе продолжи и строгиот надзор на фармите што се наоѓаат во радиус од 10 километри. 

„Го чекаме резултатот од анализите за да утврдиме што е причина за заразата. Од тоа ќе зависат и наредните чекори. Состојбата континуирано се следи. Важно е што нема ново жариште и нови случаи на болеста. Засега остануваат  мерките што ги објавиме пред неколку денови“, велат од АХВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *