Од денеска официјално стапува на сила укинувањето на роамингот за телекомуникациските услуги за земјите од Европската Унија. Оваа мерка се однесува исклучиво само на жителите на земјите од Европската унија, кои патуваат во рамките на Унијата. Новата регулатива на роамингот е само за земјите на ЕУ/ЕЕА.
Укинувањето значи корисниците на телекомуникациските услуги во мобилните мрежи во странство да плаќаат цени како во матичните земји.