• Sat. Nov 23rd, 2024

Еуромакс ќе гради нов пристапен пат до рудникот над Иловица

Компанијата ,,Еуромакс,, планира изградба на нов пристапен пат до локацијата каде што ќе се наоѓа рудникот за бакар и злато во планината Огражден над селото Иловица. Заради таа причина во наредните недели, ова компанијата ќе врши геодетско снимање на теренот за да се утврдат можните траси за пристапниот пат. Геодетските снимања ќе се спроведат во атарите на селата Штука и Секирник. Резултатите се потребни и за Студијата за изводливост со која сопствениците на земјиштето ќе бидат запознаени со предложените траси и ке се бара нивни мислења и забелешки како сопственици на ниви, низ кои ќе поминува евентуалниот пат. Од таа причина Општина Босилово ги замолува локалните жители да ја подржат оваа активност на Еуромакс и да обезбедеат непречен пристап до нивните имоти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *