• Fri. Nov 22nd, 2024

Еуромакс ја чека дозволата за експлоатација на руда од Иловица

Еуромакс  ја поднесе Оцената на влијанието врз животната средина за проектот за бакар и злато Иловица до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оцената претставува проценка на можните влијанија врз животната средина и на социјалните аспекти на проектот Иловица врз локалната заедница и е направена врз основа на неодамна објавената Студија за изводливост за проектот

Поднесувањето на Оцената на влијанието врз животната средина е во целосна согласност со националната регулатива од оваа област и е еден од условите за издавање на Дозвола за експлоатација за проектот Иловица.

Во период од 30 дена, ќе бидат поканети сите засегнати страни на увид на оценката и ќе имаат можност за свои коментари и сугестии.ќе се одржат средби со засегнатите страни од локалната заедница при што проектот и неговите ефекти ќе им бидат детално објаснети.

Изградбата на рудникот за бакар и злато во Иловица ќе започне по завршување на сите законски процедури. Според Студијата за изводливост  животниот век на рудникот ќе изнесува 20 години, додека годишното производство на руда е 10 милиони тони. Просечното годишно наплатливо производство на метал е проценето на 83.000 унци злато и 16.000 тони бакар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *