Еуромакс и Трафигура се подготвени веднаш да инвестираат во Северна Македонија
Комерцијална објава
Оваа недела беше направена промоција на македонското годишно издание на „The Economist“, кое ги опфања темите за економијата и светот во 2022-та. „The Economist“ е меѓународно познат неделен магазин кој третира теми од областа на меѓународен бизнис, политика и технологија. Лоциран во Лондон, и е присутен глобално низ целиот свет на сите континенти.
Во ова македонско годишно издание на „The Economist“, покрај перспективите и предизвиците во светот во 2022-та, беа покриени и аспектите на македонската економија, во кое свое интервју имаше и Николас Треанд, Претседател и Извршен Директор на Бордот на Еуромакс Ресоурцес.
Николас Треанд аргументирано низ бројките, повторно, ја потенцираше потребата за реализација и значењето на мега проектот за иден рудник за бакар Иловица-Штука, ВЕДНАШ и СЕГА. Дополнително тој го изрази неговото верување дека 2022 година може да биде успешна за македонската економија и за проектот Иловица-Штука.
Ви пренесуваме дел од интервјуто на Николас Треанд.
„Еуромакс Ресоурцес и најголемиот инвеститор Трафигура веднаш може да ги обезбедат потребните странски директни инвестиции од 350 милиони евра за реализација на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука“, вели претседателот и извршен директор во Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, Николас Треанд. Еуромакс Ресоурцес Лимитед е канадската компанија која котира на берзата во Торонто, Канада, а според нејзиниот прв човек имаат доверба дека во Северна Македонија ќе продолжат со развој на проектот Иловица – Штука.
„Покрај долгогодишниот процес за добивање на дозволи, менаџментот на Еуромакс Ресоурцес, и Трафигура сẻ уште имаат доверба во Република Северна Македонија и остануваат цврсто на определбата да го развијат овој мега инвестициски Проект и на тој начин сериозно да помогнат во економското заздравување. Таа цврста определба може да се потврди и со програмата за општествена одговорност што се спроведуваше во текот на 2021 година, а за која претходно беше определен буџет во износ од 1 милион евра“,вели претседателот и извршен директор во Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, Николас Треанд.
Во Еуромакс веруваат дека 2022 година ќе биде успешна за македонската економија и за Проектот „Иловица-Штука“.
„Податоците за економските ефекти од развојот на Проектот Иловица-Штука без дилеми потврдуваат дека отворањето на идниот рудник за бакар сериозно ќе придонесе во економското оправување на македонската економија, и поради тоа ја наметнува потребата истиот да се реализира сега и веднаш“, вели Треанд.
Реализацијата на инвестицијата во Проектот „Иловица-Штука“, вредна 350 милиони евра, ќе отвори 3200 нови работни места во текот на работењето на идниот рударски комплекс. Ќе овозможи извоз од 200 милиони евра на годишно ниво, и во државниот буџет ќе се плаќаат минимум 24 милиони евра годишно или вкупно над 500 милиони евра во вид на даноци и концесиски надоместоци. Дополнително, во текот на 20 годишното работење на идниот рудник предвидено е годишно да се трошат над 70 милиони евра на локалните деловни партнери. Треанд посочува дека со реализацијата на оваа странска директна инвестиција и реализираниот прилив од предвидениот извоз се очекува да се остварат нето приливи во македонската економија во износ од над 3 милијарди евра, што е доволно да се отплати надворешниот долг на државата за повеќе од 35%, со што ќе се овозможи сериозно олабавување на притисокот од континуираното растење на надворешниот долг а тоа ќе отвори можност за идно надворешно задолжување за да се реализираат други проекти значајни за развојот на македонската економијата. Како краен ефект, се проценува дека во текот на наредните 20 години со работењето на идниот рударски комплекс ќе се придонесе до зголемување на БДП за дополнителни 4% на национално ниво на веќе проектираниот раст од 4%, односно ќе се овозможи раст на БДП од 8% на годишно ниво.