Еуромакс ресурсис денес споделија листа на предлози кои пристигнале до нив од граѓаните на микрорегионот кои сакаат компанијата да ги реализира со гранд.
– Реновирање и опремување на постојните училишта во општините Босилово, Ново Село и Струмица
„Кирил и Методиј“ – Иловица, Турново, Секирник, Радово
„Св. Климент Охридски„ основно училиште за деца со специјални потреби во Ново Село
„ЈУ Институт за Заштита и Рехабилитација“, Банско, општина Струмица
– Рекултивирање, собирање и дислокација на комуналниот отпад, чистење на каналите и системот за наводнување во повеќе села од општините Босилово и Ново Село
– Реконструкција и изградба на неколку локални патишта, како патот Турново – Иловица во должина од 6 километри
– Реконструкција и обновување на дотраените мрежи за довод и одвод на вода во неколку села, како Сушица и Турново …
проект на „ЈП Струмичко поле“ на потегот Иловица – Штука систем за наводување
– од неколку невладини организации дојдоа предлози за реконструкција на туристичките локалитети, Еко-туризам, заштита на птици и биодиверизтет, заштита на животната средина
– Реконструкција и изградба на нови детски и спортски игралишта во сите општини
– Изградба на нова велосипедска патека во должина до 13 километри, општина Струмица
– наменски грантови за жени носители на индивидуални земјоделски домаќинства од општините Босилово и Ново Село, директна поддршка за нивниот фамилијарен бизнис во земјоделството
– финансиски грант за набавка и инсталирање на систем за греење во стаклени градини – производство на цвеќе и тн.