Владината одлука за раскинување на договорот за концесија за потенцијалниот рудник кај Иловица е политичка и спротивна на дадените официјални изјави дека се чека Управниот суд да донесе одлука по ова прашање. Ова е ставот на компанијата Еуромакс рисорсис откако Владата еднострано го раскина договорот со објаснување дека концесионерот не ја доставил потребнат адокументација за добивање дозвола за експлотација на минерални суровини. Од компанијата информираа дека правдата ќе ја барат пред меѓународен суд
,,Еуромакс назначи меѓународна адвокатска фирам да се подготви за таквиот исход. Убедени сме дека еуромакс има силни аргументи за меѓународна заштита на инвеститорите а македонската влада треба да биде сигурна дека компанијата е подготвена да ги исцрпи сите домашни и меѓународни лекови ,, стои во соопштението на Еруомакс
Од таму потенцираат дека во последните 5 години инвестирала повеќе милиони евра за проектот рудник за бакар и злато кај Иловица и со ваквата одлука државата испраќа лош сигнал за потенцијалните инвеститори