Александар Арабаџиев е етнолог кој дипломирал на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ, и мултиинструменталист од Радовиш, учествува во ново меѓународно истражување кое има за цел да одговори на прашањето – зошто луѓето создаваат музика?
Според Њујорк Тајмс, во изданието од 15 мај, дебатата околу ова прашање продолжува и денес. Некои развиваат нови еволутивни теории за музиката, додека други сметаат дека музиката е културен изум, сличен на пишувањето и дека не била подложена на природна селекција за да опстои.
Александар Арабаџиев сега живее и работи во Виена. Без оглед на тоа дали е резултат на биологија или култура, „Свадбарско оро“ од неговиот албум „Звукот на татковината“ звучи одлично.
Извор: Офф.нет.мк