Струмица е шампионски град и дефинитивно град на одбојката. По многуте освоени шампионски и куп титули во машка конкуренција, голема е шансата Струмица да добие шампион и во женска конкуренција, по цели три децении.
Тоа беше една од денешните теми на разговор во кабинетот на градоначалникот Костадинов, во кој тој ги прими одбојкарките на ОК „Струмица“ – жени, откако станаа есенски шампионки во најелитното женско одбојкарско друштво на Македонија.
Во нивна придружба беа и тренерите Гоце Кончалиев и Вера Божијанова, како и претседателката на клубот Јасминка Пандева, поранешна одбојкарка и членка на ОК „ Техно Интер“ и ОК „Македонија Траншпед“, кои пред 30 години беа први шампиони во независна Македонија.
Костадинов им честиташе на есенските шампионки за постигнатиот успех и им посака да истраат во борбата за тронот, сѐ до крајот на сезоната.